Инцидент во Црна Гора: Босански спортисти претепани со метална цевка

Од:

Во Црна Гора биле нападнати и тешко повредени двајца спортисти од Босна и Херцеговина, кои дошле на подготовки во Бар. На пат кон продавница петмина хулигани ги претепале со метална цевка.

Новинарката на Ал Џезира, Ардуана Прибиња, чиј син е еден од младите кои доживеале насилство, објави дека се случил инцидентот во кој беа повредени спортистите на атлетскиот клуб Сараево.

– Група од пет хулигани синоќа во Бар нападнала двајца млади спортисти на АК Сараево, кои допатувале во Црна Гора на спортски тренинг. Мојот Харун, кој беше повреден во главата со метална прачка, сепак добро се снајде. Неговиот пријател Алија има повеќекратна скршеница на јаболчната коска – напиша Ардуана на Твитер.

Според нејзините тврдења, младите биле нападнати без причина.

-Децата отидоа во продавницата спроти хотелот да купат сок, бидејќи се ќе биде затворено бидејќи е Велигден. Продавачката и нивната колешка од клубот биле сведоци дека овие двајца не направиле ништо што би можело да ги испровоцира – напиша таа.

Полицијата, како што наведе таа, ги идентификувала сторителите.

– Хулиганите веќе и биле познати на полицијата и се приведени. Се надевам дека ќе бидат казнети – истакна таа.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора