„Имерсија“: Странците се позаинтересирани за купување недвижен имот на грчките острови

Од:

Брокери регистрирале „бум“ на странски интерес за купување вили и куќи на островите во Грција во изминатите месеци, објави „Имерсија“.

Зголемената побарувачка е реакција од се поголемиот број туристи, зголемената доверба на странците во економијата на државата и засилената активност на тур-операторите.

Според податоци на надлежните, на продажба се околу 15.000 куќи и вили. Главно се бараат имоти на острови во Егејското Море, на островот Крит, на Лефкада, Крф, Закинтос, на полуостровот Пелопонес, Халкидики и Атика. Цените се движат зависно од дестинацијата и квалитетот – од 1.400 до 5.000 евра за квадратен метар. Во списокот на купувачи доминираат Кинези, Арапи, Руси, Британци и Германци, наведува весникот

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески