Бразилскиот сој на Ковид-19 пристигна во Србија

Од:

Татјана Аџиќ-Вукичевиќ, директор на болницата во Батајница, во изјава за државната телевизија рече дека постојат индиции оти бразилскиот вид коронавирус се појавил во Србија, a дека британскиот е сè уште најприсутен меѓу пациентите.

Таа предупредува дека секој нов сој е полош од претходниот, и кога станува збор за преносливоста и за смртноста, па апелира граѓаните да се вакцинираат.

„Постојат индиции дека бразилскиот вид коронавирус се појавил во Србија“, предупреди таа додавајќи дека секој нов вид на корнавирусот е се поопасен и во однос на преносливоста и во однос на морталитетот.

Вчера, медиумите во регионот пишуваа за опасен вирус што пристигнал во Европа и ѝ се заканува и на Србија.

Сепак, според Аџиќ, се чини дека постои индикација дека тој веќе е во Србија, пренесуваат агенциите.

За потсетување, досега се откриени 92 варијанти на коронавирус во Бразил, а најопасен е П.1, попознат како бразилски вид, кој е далеку позаразен од класичниот вирус и со зголемена смртност од 1.000 на 4.000 луѓе на ден во таа земја.

Медиумите наведуваат дека вакцините на компаниите „Астра зенека“ и „Фајзер-Бионтек“ произведуваат антитела против овој вид во лабораториски услови, но дека вакцинираните лица исто така може да бидат нападнати од вирусот и да имаат поблаг тек на болеста, па затоа може да се каже дека овие вакцини се ефикасни, но дека сè уште нема сигурен одговор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски