Илјадници турски граѓани протестираа во Анкара во поддршка на Мохамед Морси

Од:

Илјадници турски граѓани се собраа вчера на протести на централниот плоштад во Анкара во поддршка на приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси, објави весникот „Хуриет дејли њуз“.

Организатори на протестите биле синдикати на вработените во државни и приватни организации.

Според организаторите Турција има одговорност кон Египет. – Ние имаме дополнителна одговорност како муслимани, истакна шефот на синдикатот на државни службеници Ахмет Гундогду.

Демонстрантите скандирале „Муслимани не молчете пред угнетувањето“.

Учесниците во протестите се изјасниле и против режимот на Башар ал Асад и остро ги осудиле наводните напади со хемиско оружје во Сирија, при што според опозицијата загинале 1.300 лица.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски