Илјадници Турци протестираа во Истанбул против затворската казна за опозиционерката Чанан Кафтанчиоглу

Од:

Илјадници Турци синоќа излегоа на протест во Истанбул заради затворањето на опозициската политичарка, Чанан Кафтанчиоглу, членка на Републиканската народна партија (ЦХП), главната опозициска партија во Турција.

dobivaj vesti na viber

– Демонстрантите во градската населба Малтепе извикуваа „права, закон, правда“ во знак на поддршка и солидарност со Кафтанчиоглу.

Врховниот суд на Турција неодамна ја потврди петгодишната затворска казна за политичарката, која беше прогласена за виновна за навреда на претседателот и турската држава во нејзините објави на Твитер меѓу 2012 и 2017 година.

Кафтанџиоглу, шефица на истанбулскиот огранок на секуларната ЦХП, се насмевуваше и им отпоздравуваше на насобраните демонстранти.

На 50-годишната опозициска политичарка сега и се заканува условна осуда и петгодишна забрана да се занимава со политика. Таа на неколку пати претходно изјави дека наводите се политички мотивирани.

Критичарите велат дека нејзината казна е дел од задушувањето на опозицијата од страна на претседател Реџеп Таип Ердоган во пресрет на претседателските избори следната година.

Кафтанџиоглу, исто така, го предводеше истанбулскиот огранок на ЦХП за време на локалните избори во 2019 година, на кои се заврши 25-годишното владеење на партијата на Ердоган и нејзините претходници.

Би можело да ве интересира

Паника во турско одморалиште, се појави ајкула

Турција го блокираше пристапот до веб-страниците на Гласот на Америка и Дојче веле на турски јазик

ВИДЕО: Еден од најпознатите турски кошаркари ужива во родниот Охрид

А1он

Турција бара екстрадиција на 33 лица од Финска и Шведска

Ана Ололовска

Андерсон: Шведска ќе воспостави близок дијалог со Турција за екстрадицијата

Ана Ололовска

Столтенберг: Турција се согласи Финска и Шведска да станат членки на НАТО

А1он