Илјадници рудари на протести во Атина

Од:

Околу 4.000 рудари протестираа денеска во Атина поради евентуални отпуштања од работа, за кои стравуваат дека ќе следат поради несогласувањето на Владата да продолжи експлоатацијата во рудникот за злато во северниот дел на Грција.

Десетици автобуси со рудари од областа Халкидики, околу 600 километри северно од Атина, пристигнаа во главниот град за да го изразат своето незадоволство од одлуката на Владата, предводена од СИРИЗА, за преразгледување на концесијата дадена на операторот на рудникот, канадската компанија „Елдорадо голд“.

Иако овој рудник е еден од најголемите странски инвестиции во Грција, Владата е против неговата натамошна работа поради правни прашања и оние кои се однесуваат на заштита на животната средина.

Компанијата „Елдорадо голд“ во 2012 година го презеде рудникот за злато, ветувајќи дека за пет години ќе инвестира пет милијарди долари.

Денешниот собир на рударите е еден од најголемите работнички протести во Грција откако СИРИЗА ја презеде власта во јануари оваа година.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески