Илјадници демонстранти во Турција учествуваат во стоечките антивладини протести

Од:

Илјадници демонстранти ширум Турција им се приклучија на „стоечките протести“ против Владата, кои започнаа во понеделникот. Демонстранти во Истанбул, Анкара, Измир, Анталија, Ескишехир и многу други градови во земјата, како и во странство, во различен временски период, претходно договорен на социјалните мрежи, ја прекинаа работата и со молчење го изразија протестот против власта.

Стоечките протести траеја до раните утрински часови денеска. На истанбулскиот плоштад Таксим утрово се уште стоеја околу илјада луѓе.

– Ататурк секогаш стоел цврсто на своите нозе. Ние исто така не треба да се предаваме, стоиме и нема да ги прекинеме протестите, изјави еден од демонстрантите.

Според голем број турски набљудувачи овој вид на протест „значи многуза учесниците во него и за Владата“. Тој означува „бојкот“.

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека се додека демонстрантите не го нарушуваат јавниот ред и мир, полицијата нема да презема мерки против нив.

Но, и покрај изјавите на Ѓулер, полицијата вчера уапси неколкумина учесници во стоечките протести, што предизвика огромна јавна осуда и многу критики на социјалните мрежи кон Владата.

Повеќе турски политиколози ги оценија апсењата како голема грешка и антидемократско дејствување. Демонстрантите побараа од поддржувачите да не провоцираат немири, но повикаа да се бојкотираат сите провладини компании, медиуми, банки и големи синџири на угостителски објекти во следните четири месеци.

Исто така, е предложено и турските граѓани да не посетуваат неколку луксузни хотели во околината на плоштадот Таксим, кои ги затворија вратите за демонстрантите при полициската интервенција во паркот Гези.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски