Илјадници албански Грци денеска гласале во Грција

Од:

Река од автобуси вчера и денес од Албанија заминале кон Грција, превезувајќи припадници на грчкото малцинство кое со добиеното државјанство на матичната земја, се нашле во избирачкиот список.

Според тиранската телевизија Топ чанел, оние чие место на живеење во документите е пооддалечено за Грција заминале во текот на вчерашниот ден, додека остантите во текот на денов. Станува збир за припадници на грчкото малцинство, кое живее главно во јужниот дел на Албанија, а кои врз основа на нивната етничка припаднст имаат добиено државјанство а многу од повозрасните и грчка пензија.

Во меѓувреме албанскиот амбасадор во Атина, Дашнор Дервиши, во изјава за медиумите тврди дека околу 100 илјади Албанци денеска се очекува да го остварат своето право на глас во Грција.

– Според информациите со кои располагаме околу 100 илјади албански државјани имаат право на глас, што е многу значајно. На гласачките ливчиња за пратеници се наоѓаат и кандидати Албанци што значи дека гласањето за нив ќе помогне да се слушне нашиот глас во парламентот на Грциј, изјавил Дервиши.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески