И Бугарија со бодликава жица ќе се брани од мигрантите

Од:

Бугарија се одлучи да ги заштити своите граници од налетот на мигранти кои бегајќи од војната и сиромаштијата во Европа се обидуваат да пронајдат подобар живот.
Бугарија конструирала челична ограда која ќе биде поставена долж целата граница, а власта се пофали дека оградата ќе биде недопирлива.
Бугарскиот шеф на граничната полиција Иван Стојанов изјави дека нивните операции запреле повеќе од 500 мигранти кои минатиот месец се обидувале да влезат во земјата.
-Половина беа уапсени од нашите турски колеги, а половина беа вратени. Целта на мигрантите не е Бугарија. Тие не користат само како транзит за да стигнат до Британија или некои други поразвиени земји, рече Стојанов.
Инфрацрвените камери кои детектираат движења на тела, ќе ги спречат мајките кои навечер се обидуваат да ги прошверцуваат децата, вели тој.
Оградата е под стража во текот на 24 часа, а вооружени стражари стационирани се на стратеки точки во должина од цели 80 километри на оградата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген