Хрватско здружение бара за пациентите со висок ризик да се користат вакцини со 95 отсто ефикасност

Од:

Хрватското здружение на пациенти побара од министерот за здравство Вили Берош сите ризични групи да се вакцинираат со вакцини со висока ефикасност, до 95 проценти.

Во отвореното писмо до Берош, Здружението предлага со пристигнатите вакцини кои се ефикасни до 95 проценти да бидат вакцинирани пациентите со карцином и сите високо ризични групи, а вакцините со околу 60 проценти ефикасност да бидат за групите со помал ризик.

„Предлагаме да издадете упатства дека пациентите со карцином и сите други ризични групи треба да се вакцинираат со оние вакцини кои се многу ефикасни, односно со оние кои се ефикасни 95 проценти“, се вели во писмото до Берош.

Тие го прашуват и дали треба да размисли да се откаже од вакцините, кои според декларациите на производителот, се ефикасни 60 проценти, пренесуваат хрватските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб