Хрватско граѓанско здружение бара да се забранат сурогат мајките, како форма на трговија со луѓе

Од:

Хрватското граѓанско здружение „Во име на семејството“ и предложи на Комисијата за правата на жените и рамноправност на половите во Европскиот парламент да гласа за забраната на сурогат мајките, како модерна форма на трговија со луѓе, јави Хина.

Во врска со претстојното гласање на нацрт-извештајот за борбата против трговијата со луѓе, хрватското здружение ги повика членовите на Комисијата независно од својата партиска припадност да прифатат дополнување кон извештајот, во кое ќе ја осудат праксата на сурогат мајки како трговија со мајките и со децата.

Здружението потсети дека со резолуција на ЕП од декември 2015 година е осудена праксата за користење на сурогат мајки, со која се поткопува достоинството на жената, чие тело и репродуктивни функции се користат како стока.

Хрватското здружение предлага со дополнување на нацрт-извештајот праксата на сурогат мајка да биде прогласена за „употреба на човечкото тело за финансиска или друга корист“, а  земјите-членки да им забранат на европските држави, граѓани и фирми да се занимаваат со туризам, поврзан со оваа појава.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик