Хрватски медиуми: Претседателските избори најверојатно на 11 јануари

Од:

Претседателските избори во Хрватска ќе бидат одржани најверојатно на 11 јануари. Премиерот Зоран Милановиќ и актуелниот претседател Иво Јосиповиќ разговарале за датумот и според неофицијални информации на Вечерњи лист изборите би биле во втората недела од следната година.

Тој датум бил посочен поради неколку причини – „врвот“ на кампањата не би бил во празниците, а и зимскиот распуст се завршува на 9 јануари што значи дека до изборите би се вратиле и избирачите кои со деца заминале на зимување.

Вториот круг ако остане таа одлука, би се одржал на 25 јануари. Сегашниот претседател беше избран на 10 јаннуари 2010 година. Претседателот на Хрватска има мандат од пет години, а ограничен е на два мандата.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик