Хрватската Влада треба да одговори каде „исчезнаа“ 11,4 милијарди евра

Од:

Членови на Европскиот парламент и „Адриатик институт“ упатија отворено писмо до хрватската Влада во кое бараат објаснување за извлекувањето на 11,4 милијарди евра од Хрватска преку криминал, корупција и затајување на данок.

Моника Маковеј и Роцер Хелмер од ЕП и Наташа Срдоч и Џоел Ананд Самие од „Адриатик институт“ во писмото се повикуваат на извештајот објавен од истражувачката организација од Вашингтон „Глобал фаненпел интегрити“ во декември минатата година во кое се навеедува дека од 2001 до 2010 година од Хрватска „се извлечени“ 11,4 милијареди евра преку криминал, корупција и избегнување за плаќање данок.

– Во исто време, европските даночни обврзници испраќаа финансиска помош за Хрватска, се посочува во писмото упатено до хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и министерот за финансии Славко Линич.

Бидејќи Хрватска може да добие и до 11,1 милијарди евра од европските фондови од 2013 до 2020 година во писмото се наведува дека „од клучно значење е тие средства да не завршат во корумпираните мрежи или да бидат проследени на приватни сметки на расипаните хрватски политичари и државни функционери или нивните приватни партнери во Хрватска и на други јурисдикции“.

Потписниците на писмото бараат од Милановиќ и Линиќ да одговорат на две прашања – дали хрватските власти од Лихтенштајн, Австрија, Швајцарија и Велика Британија, како и од други држави ги побарале имињата на поединците и сумите на пари на кои се однесува извештајот за нелегалните трансфери. Тие очекуваат и одговор во колку случаи на незаконско богатење е подигната кривична постапка од 1991 година, како и колку средства досега успешно се вратени.

Тие истакнуваат и дека очекуваат и одговор за сите успешни случаи на борба против криминалот.

– Практиката за испраќање на пари од европските даночни обврзници во Хрватска не може да продолжи се додека не се воспостави одговорност на владата. Државата мора да се насочи на прашањата со илегалните парични трансфери и проблемот со корумпираните политичари и државни претставници. Нејзина должност е да ги врати паричните средства кои се натрупале преку корупцијата и да имплементира мерки за ставање крај на корупцијата, се наведува во писмото.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик