Хрватска се бори со надојдените води, сè уште е опасно: Мура расте, прогласени се вонредни мерки

Од:

Борбата со поплавите во Хрватска продолжува. Низ целата држава на сила се претежно редовни мерки за заштита од поплави, на места се и подготвителни. Водениот бран од Словенија вчера најпрво зафати делови од Меѓумурје и Вараждин.

Во некои делови Сава се излеа од коритото. Максималниот водостој на Мура се очекува вечерва, кога ќе достигне 500 сантиметри, што е за околу 30 сантиметри пониско од рекордниот водостој од 2014 година. Нивото на водата во Карловац порасна за речиси четири и пол метри, а според прогнозите до утре ќе се искачи на 563 сантиметри, но сепак ќе остане на ниво на подготвителна состојба за одбрана од поплави.

Генералниот директор на „Хрватски води“, Зоран Ѓуроковиќ, упати смирувачка порака до жителите на населените места покрај реките, но и порача дека секаде е потребна будност и претпазливост. Тој изјави дека сите загрепски насипи се во добра состојба и оти верува дека утре ќе се посвети поголемо внимание на областа Велика Горица.

„Гледаме дека нема да има дополнително зголемување на приливите од Словенија, сега сме на пик“, рече Ѓуроковиќ, зборувајќи за можностите во областа на Загреб.

Тој рече дека реката Крапина ја „храни“ областа на Загреб и го одржува нивото на водата.

– За ова ќе бидат потребни уште 24 часа, а не би требало да има никаква опасност, истакна Ѓуроковиќ.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски