Хрватска сака да спречи отворање нова балканска бегалска рута

Од:

Претседателот на Хрватскиот саборм Жељко Рајнер денеска изјави дека земјите членки на Јадранско-јонската иницијатива би требло да ја засилат соработката во решавањето на мигрантската криза и да не дозволат отворање нова балканска бегалска рута преку Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

– Во борбата против илегалната миграција мораме да најдеме начин Албанија, Босна и Херцеговина да станат нова бегалска рута, изјави Рајнер во обраќањето на Конференцијата на претседателите на парламентите на земјите членки на Јадранско-јонската иницијатива, што се одржува во Сплит. 

Како што јави Хина, во обраќањето на собирот, хрватскиот министер за надворешни работи Миро Ковач пак порача дека мигрантската криза покажала оти земјите од Јадранско-јонската иницијатива се „судбински поврзани“ и дека една без друга не ќе можат да ги надминуваат проблемите. 

Членки на Јадранско-јонската иницијатива се Албанија, БиХ, Грција, Италија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик