Хрватска поднесе обвинение за шпионажа против воен пилот и државјанка на Србија

Од:

Жупаниското државно обвинителство во Сплит поднесе обвинение против хрватски државјанин и државјанка на Србија поради сомнение за шпионажа.

Станува збор за воен пилот на Хрватското воено воздухопловство и негова долгогодишна партнерка, која е државјанка на Србија.

Според обвинението, пилотот во периодот од февруари до декември 2022 година, додека бил на служба во Хрватските вооружени сили, во повеќе наврати ѝ овозможил на партнерката пристап до класифицирани информации до кои дошол или му биле достапни во рамки на неговите службени обврски.

Обвинителството тврди дека пилотот знаел оти таа информациите ги собира за странска држава, странско правно лице и лице кое работи за нив.

Државјанката на Србија е обвинета дека добиените информации потоа ги проследувала на повеќе странски адреси.

Обвинителството во Сплит побара од Жупанискиот суд да продолжат мерките на претпазливост за обвинетата поради опасност од бегство.

Случајот првпат беше објавен во август минатата година, кога хрватските власти ги уапсија пилотот и неговата партнерка поради сомнение за шпионажа во корист на Србија.

Во истрагата биле вклучени цивилната и воената полиција, како и Европол.

Според досегашните информации, пилотот претходно бил ангажиран и во мисијата КФОР на Косово.

Во текот на истрагата биле разгледувани и информации поврзани со движењето и позициите на силите на КФОР, како и случувањата на северот на Косово и во Зубин Поток.

Пилотот ги негирал обвиненијата и тврдел дека не ѝ предавал доверливи информации на партнерката, туку дека некој се обидува да му намести.

И неговата партнерка ги негирала обвиненијата.

Жупаниското државно обвинителство на 28 август 2025 година официјално отворило истрага против двајцата.

Пилотот бил задржан во истражен затвор поради опасност од влијание врз сведоци, додека на неговата партнерка истражниот затвор ѝ бил одреден и поради опасност од бегство.

Во текот на истрагата биле испитани осум сведоци, главно активни воени лица.

Пилотот кон крајот на октомври минатата година бил пуштен од истражниот затвор со мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за контакт со една од сведоците.

По случајот бил отстранет од воената служба.

Со поднесувањето на обвинението истрагата е завршена, а случајот сега влегува во следната фаза од кривичната постапка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Никогаш нема да се откажам од борбата против најлошите – блокадерите!

А1он

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

„Србија потсетува на Унгарија, но и на Украина“: Си-Ен-Ен ги анализира адутите на студентското движење што доведоа до падот на Вучиќ

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски