Хрватска нема да ја спречува Србија на патот за влез во ЕУ

Од:

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ нагласува дека Загреб нема да ја сопира Србија на патот кон Европската унија и оценува дека присуството на германскиот канцелар Ангела Меркел на состанокот на лидерите на ЈИЕ, на 15 јули во Дубровник, покажува поддршка за проширување на ЕУ.

Во интервју за денешни Новости, пред третиот состанок Брдо Бриони процес, Јосиповиќ вели дека доаѓањето на Меркел значи дека Европската унија сака да продолжи со ширење на Балканот.

Јосиповиќ нагласува дека хрватскиот Сабор донел декларација со која „јасно укажува за тоа дека соседите нема да се уценуваат и сопираат во нивните напори за влез во ЕУ“. Тој нагласи дека решавањето на отворените прашања ќе биде важно за оцена на исполнување на условите.

Хрватскиот претседател смета дека главната порака на собирот во Дубровник ќе биде дека „ЕУ целиот регион го смета за дел од Европа и дека иднината на сите држави во регионот е во ЕУ“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада