Хрватска не ја повлекува тужбата за геноцид против Србија

Од:

Хрватската Влада одлучи да не ја повлекува тужбата за геноцид против Србија, а Хрватска за тој предмет пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг би требало да ја застапува експертот за меѓународно право Весна Црниќ-Гротиќ, јави агенцијата Хина, повикувајќи се неофицијални извори од хрватската Влада.

Сепак, официјална потврда се уште нема. Хрватските медиуми пишуваат дека за овој чекор хрватската Влада наводно се одлучила откако заклучила дека претходно спомнуваните услови кои Србија требала да ги исполни сепак не се доволни за откажување од тужбата, но и поради тоа што двете страни веќе во октомври треба да достават список со сведоци, чие сослушување ќе почне во првата половина на 2014 година.

Иако поранешната хрватска премиер Јадранка Косор кон крајот на ноември 2011 година изјави дека владата нема намера да ја повлече тужбата против Србија, министерката за надворешни и европски прашања Весна Пусиќ, пред стапувањето на должноста кон крајот на истата година, рече дека меѓусебните тужби на Хрватска и Србија можно е да се решат пред суд или со договор.

Српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ, по повод тврдењата дека Хрватска нема да ја повлече тужбата, рече дека Хрватска прва поднела тужба за геноцид и оти кога Загреб ќе ја повлече, истото ќе го стори и Белград.

– Тука нема никакви тајни. Ние се се договоривме. Хрватска прва поднесе тужба и кога тие ќе ја повлечат, тоа ќе го направиме и ние, рече Мркиќ.

 

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија