Хрватска: На свадба пукале од топ, три лица повредени

Од:

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против двајца мажи кои од рачно изработен топ, пукале пред куќа на подрачје на општина Ориовац во момент на свадбена веселба. Во тој момент потешко повредиле две лица, а едно полесно.

Мажите на возраст од 32 и 47 години, се осомничени дека со истрелот од топот, кој што го наполниле со барут и хартија оштетиле две семејни куќи, два автомобили и еден мотоцикл, соопшти славонско-бродската полиција.

Хрватските медиуми, повикувајќи се на неофицијални извори, пренесуваат дека осомничените пред неколку дена на ергенската вечер употребиле огнено оружје и пукле во воздух, а очевидците напоменуваат дека толку многу се пукло што имале впечаток дека наоѓаат на бојно поле.

Еден од сторителите е полицаец кој веќе имал опомена. Во семејната куќа на еден од осомничените е пронајдена поголема количина на муниција и околу 100 грама барут.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари