Хрватска: Многу врева, а мала корист од ЕУ

Од:

Од сите досегашни држави-членки на ЕУ, Хрватска влегува во неа во најлош момент, со мала перспектива дека членството бргу ќе и донесе спектакуларни резултати.

Веднаш и е порачано од Брисел дека во првите неколку месеци по влезот, да не смета на значајни пари од европските фондови.

Хрватска сака Европа да ја финансира градбата на Пељешкиот мост, за да Дубровник се поврзе со остатокот на државите, но тој проект поради кризата сега е под знак прашалник.

Нејзината желба е од фондовите во наредните години да повлече околу 11 милијарди евра.
И покрај тоа што при крајот на преговорите за Хрватска и ЕУ беше спорно воведувањето на мониторинг и по влезот, тоа нема да се случи.

Хрватска не сака да ја следи приказната на Ромунија и Бугарија, но за Брисел останува приоритет таа да направи се за да овозможи враќање на бегалците и да ја примени европската пракса во правосудството.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик