Хрватска излегува од арбитражата за Пиранскиот залив, одлучи Саборот

Од:

Хрватскиот сабор денеска едногласно ја поддржа Владата во намерата да почне постапка за престанок на Спогодбата за арбитража со Словенија во граничниот спор за Пиранскиот залив, бидејќи, како што заклучи, Љубљана битно ги повредила неговите одредби.

Како што јавува Танјуг, пратеничките клубови се согласиле во оценката дека арбитражната постапка е дискредитирана и контаминирана, односно дека е нарушена довербата во работата на Арбитражниот суд, но дека ексцесите како овој не можат да го менуваат пријателството меѓу хрватскиот и словенечекиот народ.

– Постапката е контаминирана и нема потреба да се влегува во било какво одлучување, во било какви детали. Тоа што се случило и што на крајот е и признато дека се случило е неодржливо и Хрватска излегува од договорот. Но, по релативно прецизни правила на меѓународното право, кое ќе го почитуваме, рече хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во својот воведен говор од расправата во Саборот.

Во владиното образложение врз основа на кое е побарана поддршката на Парламентот стои дека Словенија „тешко ги повредила“ одредбите од меѓународниот договор и правилото на учествување во арбитражата, како и дека Хрватска смета дека Арбитражниот суд не може да ги исполни своите задачи.

Во образложението понатаму се истакнува дека јавно објавените разговори меѓу членот на Арбитражниот суд кого го именувала Словенија и застапничката на Словенија, за кои е потврдено дека се веродостојни, откриваат дека основните начела на постапката, начелата на чесност, законитост, независност и веродостојаност, се системски и тешко прекршени, и тоа на штета на Хрватска.

– Се случи таква грешка во постапката по која постапката не може да продолжи. Што да правиме, ние мораме надвор, рече Милановиќ во воводното обраќање.

Одлуката на Саборот дојде откако во Арбитражниот суд беше откриено дека словенечкиот судија Јернеј Секолец и претставничката на словенечкото Министерство за надворешни работи Симона Дреник договарале изнесување аргуменати во лобирањето кај другите судии Словенија да добие две третини од Пиранскиот залив.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик