Хрватска: Имигрантите ќе бидат транспортирани до прифатни центри во близина на Загреб

Од:

Полицијата во Хрватска соопшти денеска дека ги регистрира имигрантите кои влегуваат од Србија, и оти тие ќе бидат транспортирани до прифатни центри, кои се наоѓаат во близина до Загреб.

Портпаролот на полицијата во источниот Вуковарско-Сремски граничен округ потврди дека неутврден број имигранти ја пресекле границата и влегле во Хрватска.

Претходно беше соопштено дека пред пристигнувањето на хрватската граница, неколку бегалци се упатиле пеш, преку пченкарното поле во Товарник.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави дека Хрватска има подготвено вонреден план во случај на голем бран бегалци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска