Хрватска има 1,5 милиона вработени, од кои третина во државниот сектор

Од:

Во Хрватска, со население од 4,3 милиони лица, работоспособни се 3,6 милиони, а од нив работат само 1,5 милиона, или 42,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот Завод за статистика за првото тримесечје од годината, наведува сајтот Индекс.

Од останатите 57,6 проценти неактивно работоспособно население како невработени се водат само 9,8 проценти.

И покрај тоа што бројот на неактивни работоспособни лица (оние кои не работат и не бараат работа) изгледа огромен, треба да се земе предвид дека податоците се однесуваат на лица над 15-годишна возраст, а во таа група има и голем број средношколци, студенти и пензионери, така што актуелната работна сила во Хрватска е значително помалубројна, посочува хравтскиот сајт.

Околу една третина од вработените своите плати ги добиваат од државата, а останатите околу еден милион работат во приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик