Хрватска: И оваа година за Божик ќе потрошиме 11 милијарди куни

Од:

Од тв екраните веќе не бомбардираат со реклами повикувајќи не на најмилите да им купиме мобилен или таблет, нов автомобил, парфем или нешто слично, што ќе го ставиме под божикната елка. Излозите на продавниците не повикуваат на трошење за празникот кој е само еднаш во годината, а околу кризата не погодува шеста година по ред.

Со неа и намалувањето на платите и стандардот, бројот на вработените, додека расте се што би требало да паѓа, како невработеноста, долговите на државата, лошите кредити, бројот на блокираните граѓани на кои им се замрзнати сите сметки. Најлошо е што нема сигнали дека идната година ќе биде подобра.

Како ни е, добро ни е

Пред најбериќетниот месец за трговците, кога кесето ќе го одврзат и најсиромашните граѓани кои имаат малку куни во нив или тие кои немаат ни липа вишок, па ги трошат платите кои се уште не ги добиле, пеглајќи ги картичките, се чини дека ќе биде добро да ги пресметаат ланските резултати.

Тоа и тие самите го посакуваат. А лани граѓаните во декември оставија кај трговците околу 11 милијарди куни, исто како и претходните две години, додека рекордна година беше 2008, кога луѓето изброија 12,5 милијарди куни во декември, според податоците на Секторот за трговија на Хрватската стопанска комора ХГК, која ја следи потрошувачката на граѓаните во декември во текот на изминатите 12 години. Таа последна преткризна година беше спречен растот на декемвриската потрошувачка кој траеше од 2001 година, кога во декември беа потрошени 5 милијарди куни.

– Претприемачите од секторот за трговија очекуваат дека прометот во трговијата на мало, со оглед на сите актуелни економски околности, може приближно да биде на ниво на ланскиот во декември.

И оваа година потрошувачката ќе зависи од постоечката куповна моќ и животниот стандард, буџетот на домаќинствата, но и од исплатата на божикните бонуси и висината, па конкретните резултати ќе можеме да ги согледаме дури на почетокот на идната година – ни вели Сања Смољак Катиќ, директорка на Хрватското здружение на работодавци.

Оваа година ќе биде поинаква од претходните според тоа што малку повеќе ќе се пеглаат картичките и ќе се префрлува плаќањето на сметките во 2015 година.

– Се очекува дека купувачите ќе користат разни форми на одложено плаќање во голем обем. Дефинитивно се промени структурата на потрошувачката, па се дава предност само на најпотребните производи, додека побарувачката за луксузни производи многу се намали.

Купувачите не се откажуваат од храната и остварување на желбите за раскошната божикна вечера, како и од соодветни подароци за своите најблиски, посебно за децата. Во купувањето на подароци се внимателни и умерени, без нагли непромислени трошоци, па се води сметка за споредувањето со други слични понуди од конкурентите. Секоја одлука за купување претходно добро се размислува со цел добро да се вклопи во домашниот буџет – вели Смољак Катиќ.

Во Независните хрватски синдикати НХС оценуваат дека луѓето само на намирници за Божикната трпеза, за Божик и Нова Година ќе потрошат од 300 до 1300 куни, при што оваа поскапа опција претпоставува малку поширок избор на алкохолни пијалоци и сокови и богат избор на разни видови на колачи. А опцијата за потрошени 300 куни претпоставува минимална потрошувачка за основни нешта, објаснува Крешимир Север, претседател на НХС.

Божикните бонуси поретки

– Се плашам дека многу граѓани нема да имаат ништо поинаква трпеза за тие празници, од тие кои инаку ги имаат. Дури 70 отсто вработени заработуваат просечна плата и плати кои се помали од просечните, една петтина невработени не примаат никаков надомест, а над 318.000 граѓани се блокирани. Бонуси за Божик ретко кои ќе добијат, а колку луѓе ќе добијат тешко е да се оцени, секако помалку од половината на сите вработени, смета Север и додава дека ни оваа година јавните и државните службеници како и вработените во повеќе државни компании нема да добијат, додека веројатно ќе делат некои фирми од приватниот сектор, како телеком, банките, консултантите…

Слободна Далмација – Сплит

 

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари