Хрватска го продава најголемото речно пристаниште Вуковар

Од:

Хрватската Влада денеска одлучи да објави тендер за приватизација на претпријатието „Пристаниште Вуковар“, кое е во 100-процентна сопственост на државата.

Номиналната вредност на пристаништето изнесува пет милиони евра, а рокот за пријавување на тендерот е 30 дена.

Компанијата „Пристаниште Вуковар“ е концесионер на најголемото речно пристаниште во земјата и е единствена фирма која се занимава со товар и растовар на пристаништето.

Главни клиенти на компанијата се претприемачи од Хрватска и северниот дел на БиХ, но во последно време дејноста значително се намалила поради големата стагнација во економијата.

Владата ја образложи својата одлука за приватизација на пристаништето Вуковар со фактот дека има потреба од партнер, кој ќе обезбеди дополнително товарење и ќе ја заживее неговата дејност.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик