Хрватска го одбележува Денот на државноста

Од:

Хрватска денеска го одбележува Денот на државноста – празникот на кој се чествува историската одлука за осамостојување на земјата од поранешна Југославија, донесена од Хрватскиот сабор на 25 јуни 1991 година, по референдумот на кој 92,18 проценти од Хрватите гласаа за независност, јави хрватската национална телевизија ХРТ.

Во крвавата војна за независност, што следеше, а која Хрватите ја нарекуваат „Татковинска војна“, животот го загубија околу 15.000 лица.

Дваесет и две години подоцна Хрватска се приклучи кон европското семејство по долги и тешки преговори и реформи и успешен референдум, на кој граѓаните кажаа „да“ на членството во Европската унија.

– Денеска се потсетуваме на успесите и проблемите и ги споменуваме сите кои загинаа и придонесоа слободно да се насладуваме на демократијата, изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ по повод празникот.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик