Хрватска е прва на европскиот црн список по алкохолизам

Од:

Алкохолот и натаму е најголемиот социјален проблем во Хрватска, со што оваа земја останува на прво место на црниот список во Европа според алкохолизам.

Хина наведува дека после овој социјален проблем следат проблемите со наркотиците и коцкањето .

Во Хрватска има околу 200.000 алкохоличари и според истражувањата секој Хрват годишно испива по 12,8 литра чист алкохол.

-Распадот на семејството најчесто е предизвикан од незаконската злоупотреба на наркотиците, следен од алкохолизмот и коцката, за Хина изјави шефот на одделението за лекување на алкохолизам и други зависности во загрепската болница „Сестри на милосрдието“, Зора Зоричиќ.

Најупотребуваниот пијалак во Хрватска е пивото. Анализите покажуваат дека се зголемува производството и консумирањето на пиво во земјата, додека производството на вино стагнира, а на жестоки пијалаци се намалува.

Пред триесет години ситуацијата беше многу поинаква затоа што тогаш најзастапен во употребата беше жестокиот алкохол.

Зоричиќ изјави дека борбата со алкохолизмот е помалку решителна во споредба со онаа со наркотиците, и одлуката за ограничување на алкохолизмот е во зголемување на акцизите на алкохолот, за тој да стане многу поскап производ. Ова ќе го реши прашањето на алкохолизмот меѓу младите, ќе го намали бројот на смртните случаи по патиштата и на болните од цироза.

-Истражувањата покажуваат дека секој петти алкохоличар во Хрватска е жена. Мажите пијат на јавни места, а жените по дома, а алкохоличари стануваат на околу 40-годишна возраст, забележа Зоричиќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик