Хрватите ја запоседнаа Руската амбасада во Загреб, сакаат да се вакцинираат со Спутник V

Од:

Илјадници граѓани на Хрватска овие денови ја контактирале амбасадата на Русија во Загреб, во потрага по руската вакцина за Ковид-19.

Сепак, хрватските власти не упатиле официјално барање за набавка на руската вакцина Спутник V.

Руската амбасада во Загреб, деновиве одговара на стотиците повици на хрватските граѓани кои упорно се јавуваат и се обидуваат да дознаат како да дојдат до вакцината.

Граѓаните, меѓу кои и руски државјани во Хрватска, прашуваат дали можат да се вакцинираат во Руската амбасада или можат од таму да ја купат вакцината, а други прашуваат и дали може да отпатуваат во Русија за таму да примат Спутник V.

„Секако дека сакаме да помогнеме, но ние не вакцинираме, ниту набавуваме вакцини“, велат од амбасадата, додавајќи дека Русија ги вакцинира само руските државјани.

Како што наведуваат од Руската амбасада во Загреб, за увоз на било какви лекови во Хрватска потребни се соодветни дозволи од државните тела и надлежните институции на Европската Унија.

Рускиот амбасадор, Андреј Нестеренко, неодамна изјави дека Русија е подготвена да ги разгледа конкретните детали за испорака на Спутник V, доколку Хрватска го побара тоа.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб