Хрватици во подрачја на исламистички судири

Од:

Пред еден месец Безбедносно-разузнавачката агенција (СОА) во својот извештај утврди дека судирите во Ирак и Сирија во последно време привлекуваат и одреден број на жени кои со склучување на шеријатски бракови со џихадистички борци, одат во региони на судири како нивна поддршка. Трендот на прифаќање на радикалното толкување на исламот дополнително го засилува исклучително лошата економска состојба.

Покрај една Загрепчанка ранета во Сирија, најверојатно уште три или четири хрватски државјанки се приклучиле на радикалните исламисти во Сирија и Ирак, пишува Јутарњи лист. Додека тие не учествуваат во терористичките акции, за нив веќе со години се врбуваат момчињата.

– Нека дојдат тука, има браќа кои ќе ве земат под заштита, повикува босански џихадист од Сирија. Раѓајте муџахедини, воспитувајте муџахедини, Алах нека ви е на помош, порачува тој.

Им било ветувано многу, она што поради економската состојба во татковината не можат да го остварат. Поради тоа, според извештајот на Безбедносната разузнавачка агенција, не е чудно што расте трендот на прифаќање на радикалниот ислам во регионот.

Информациите дека повеќе хрватски граѓанки преминале на подрачјето на т.н. Исламска држава која е под контрола на исламските милитанти во Осијек, ги коментираше претседателот Иво Јосиповиќ.

– Ние немаме голем број на хрватски граѓанки и граѓани кои се таму, секако дека ги следиме, службите ја следат состојбата и реагираат на соодветен начин, но еве ја користам приликата да ве замолам вас медиумите – бидете во контакт и консултирајте се за тоа кои информации е добро да се објават, а кои не се, бидејќи и тоа влијае на нашата безбедност, порача тој.

За сега не се идентификувани лица кои живеат во Република Хрватска а се бореле или се борат во џихадистички одреди. Меѓутоа, џихадистите хрватската територија ја користат како транзитно подрачје при одење или враќање. Судирите во последно време привлекуваат извесен број на жени кои со склучување на шеријатски бракови со џихадистичките борци одат во региони на судири како нивна поддршка, се вели во извештајот на СОА.

Во Хрватска не се очекува јакнење на радикалниот исламизам, вели професорот Влатко Цвртило. Иако во оваа денешен раст на радикализмот може да се очекуваат некои групи кои евентуално би прифатиле одредени идеи, но тоа повторно не значи дека тие својот радикализам ќе го користат за да преземат еден вид политичко насилство.

Исламската држава е се поагресивна во јакнењето на радикализмот и така станува се поголем магнет за младите во овој регион.

ХРТ – Загреб

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик