Хрват осуден на две години затвор за извршена евтаназија врз парализираната ќерка

Од:

Судот во хрватскиот град Сисак денеска го осуди на две години затвор Јосо Грегуриќ (57), затоа што како родител помогнал неговата 23-годишна ќерка да умре. Таа од 2009 година била прикована за кревет од неизлечлива болест, пренесоа француските медиуми.


Грегуриќ беше прогласен за виновен дека во октомври минатата година на својата ќерка Маријана и дал големо количество лекарства, по што и ги пресекол и вените.


-Маријана починала од насилна смрт, изјави пред новинарите портпаролката на судот Мелита Аведиќ.


За време на процесот Јосо Грегуриќ изјави дека не памети што правел во деновите пред и по убиството.


Според локалниот печат, во 2009 година девојчето претрпело операција на главата, по која било целосно паралилизирана. Таа страдала од силни болки.


Хрватска нема специјален закон за евтаназија, а убиство од милосрдие се казнува со затвор до три години.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик