ХРВ: Полицијата во Бугарија ограбува имигранти и користи насилство против нив

Од:

Бугарските полицајци ги враќаат во Турција имигрантите и кандидатите за азил, често откако ќе им ги украдат личните предмети и ги подложуваат на насилство, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“.

Имигранти од Авганистан, Сирија и Ирак раскажале дека биле подложени на принудно враќање, ограбување, насилство и напади со полициски кучиња, покажува истражувањето на „Хјуман рајтс воч“, спроведено меѓу октомври и декември минатата година меѓу 45 бегалци во шест земји.

Според организацијата, имигрантите соопштиле за 59 случаи за насилно враќање од Бугарија во Турција меѓу март и ноември 2015, а 26 бегалци изјавиле дека биле тепани од полицијата или напаѓани од полициски кучиња.

– Сите до еден изјавиле дека им биле одземени предметите, во некои случаи под притисок на оружје, од луѓе, опишани од нив како припадници на бугарските органи на редот, по што принудно биле враќани преку границата во Турција, соопшти ХРВ.

Организацијата ги повикува бугарските власти да преземат итни дејствија за запирање на незаконскиот однос кон луѓе, кои бараат заштита, и да побараат одговорност за тие што го сториле тоа.

Портпаролката на бугарското МВР вели дека насилното враќање на кандидатите за азил или нивно подложување на несоодветен однос, не е дел од политиката на Бугарија кон имигрантите и оти секој случај, за кој што постои информација, се истражува.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори