ХРВ ја повика Бугарија да спроведе истрага за полициското насилство пред Парламентот

Од:

Бугарската Влада треба да спроведе истрага за активностите на полицијата за време на протестите ноќта на 23 јули пред бугарскиот Парламент, при што беа повредени 17 лица, соопшти денеска организацијата Хјуман рајтс воч. 


Организацијата за заштита на човековите права се повикува на претставник на Бугарскиот хелсиншки комитет, кој бил сведок на судирите и според кого, околу 22 часот полициските сили за борба против немири без причина ги тепале демонстрантите со палки, ги удирале со штитови и ги клоцале. 


Според медиумските извештаи, во судирите се повредени петмина новинари. 


Претставникот на ХРВ задолжен за Балканот и Источна Европа, Лидија Гал изјави дека вознемирувачките извештаи дека полицијата ги удирала демонстрантите и новинарите треба да се испитаат.


– Според меѓународното право употребата на сила од страна на силите за зачувување на редот треба да биде сразмерна и да служи за објективна и легитимна цел. Евакуацијата на зградата е законска цел и можно е да била потребна употреба на сила до одреден степен, доколку биле фрлани цврсти предмети, но извештаите за безпричинско тепање на демонстрантите, укажуваат дека имало прекумерна употреба на сила, нагласи ХРВ. 


Организацијата исто така нагласи дека нема оправдување за насилството на полицијата врз новинарите.


– Владата е задолжена според законите за човекови права да гарантира дека медиумите и новинарите можат да дејствуваат слободно и без мешање на државата. Таквиот третман на новинарите ја става во сериозен ризик слободата на изразувањето и слободата на медиумите и ја наметнува потребата од независна истрага и преземање соодветни дисциплински мерки против одговорните, додаде ХРВ.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори