ХРВ: Грција треба да го повлече нацрт-законот за мигрантите

Од:

Грција треба да го повлече нацрт-законот со кој се ограничува пристапот до заштита за барателите на азил од Сирија, Ирак и Авганистан, соопшти денеска хуманитарната организација Хујман Рајтс Воч.

– Законот е обид да се блокира пристапот до заштита и да се зголеми бројот на депортации поради зголемениот број пристигнувања на мигранти, рече Ева Косе, истражувач за Грција во организацијата.

Хјуман рајтс воч наведува дека нацрт-законот, за кој неделава ќе се расправа во Парламентот, ќе го олесни задржувањето на мигрантите на подолг период и ќе ги лиши ранливите луѓе, вклучително и децата без придружба, од неопходна заштита.

– Со предлог-законот се воведуваат голем број измени во постапките со што ќе се отежне праведен процес за добивање азил и ќе го загрози правото на жалба, соопшти Хјуман рајтс воч.

Конзервативната влада на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, која стапи на должност во јуни, тврди дека цел на нацрт законот е да се поедностават долгите процедури за добивање азил и да се помогне процесот на депортација на одбиените баратели на азил.

Владата ја обвини претходната левичарска влада дека лошо го решавала тоа прашање, поради што илјадници луѓе се затворени во преполни кампови.

Атина се соочува со најголем прилив на мигранти од 2015 година, кога повеќе од еден милион луѓе влегоа во Европа преку Турција и Грција.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески