ХРТ: Во Хрватска парламентарните избори ќе се одржат во ноември или декември

Од:

Парламентарните избори во Хрватска ќе се одржат кон крајот на годината, во ноември или декември, јави ХРТ повикувајќи се на извори во Владата на најмладата членка на Европската унија.

На претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ ќе и бидат понудени три можни датуми за одржување на изборите – 29 ноември, шести или 13 декември.

Советникот на претседателката Владимир Шекс истакна дека се согласува со Владата, додавајќи оти датумите се во согласност со Уставот.

Избори за хрватскиот Сабор се одржуваат на секои четири години. Од независноста во Хрватска се одржани шест избори за пратеници – првиот во 1992 година и последниот во декември 2011 година.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик