ХРТ нема да емитува реклами за време на филмови и серии

Од:

Хрватската национална телевизија ХРТ од 1 јануари идната година нема да емитува реклами за време на филмови и серии, иако има законско право на една  рекламна пауза во текот на филмот, јави БТА.

Директорот на телевизијата Горан Радман на седница на програмскиот совет на ХРТ изјави дека реклами нема да има, иако тие се важен дел од приходите.

До пред неколку години ХРТ од реклами заработуваше околу 34 милиони евра, во 2011 година 20 милиони евра, а годинава 18 милиони евра. За идната година се планирани 14 милиони евра приходи од реклами.

ХРТ освен откажувањето од реклами за време на филмови и серии одлучи да го прекине и договорот со „АГБ Нилсен“, единствената компанија во Хрватска што нуди услуги за мерење на гледаноста на телевизиите.

Меѓу другото, од следната година рекламното време нема да се продава врз основа на гледаноста на емисиите, туку ќе се наплаќа по секунда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Снег во Хрватска: Заглавени камиони

Хрватска не оди во добра насока, сметаат 73 отсто од анкетираните граѓани

А1он