Хоти: Косово излезе од изолација, иако не троши милиони на лобирање

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека неговата држава веќе не е изолирана и се враќа на патот на евроатлантските интеграции, и покрај тоа што, како што нагласува, неговата влада „не троши милиони евра на лобирање“ и не се раководи од „параполитички интереси“.

Реакцијата на косовскиот премиер, објавена на неговата страница на Фејсбук, следи по денешното соопштение на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), која, по повод стоте дена на неговата Влада, го обвини дека на 4 септември во Вашингтон потпишал со Србија договор кој е штетен за Косово.

На обвинувањата на доскорешната владејачка ПДК, која ја основа актулениот претседател на државата Хашим Тачи, а ја води поранешниот собраниски спикер Кадри Весели, Хоти одговори дека откако застана на чело на Владата, „по неколкугодишно застранување“, го врати Косово во Вашингтон, Брисел и другите светски центри.

– Нема веќе изолација за Косово. За 100 дена го вративме Косово таму каде што припаѓа: во Белата куќа, во главниот град на ЕУ, Брисел, во седиштето на НАТО, во Париз и наскоро и во другите центри (…) Сето тоа се постигна без да се потрошат милиони за лобирање, туку со поддршка од пријателите, со уверување дека оваа Влада е сериозна во однос на своите заложби, со одлуки кои се засновани на законите и Уставот, а не на параполитички интереси, напиша Хоти.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски