Хотелите во Словенија бележат пад од 99 отсто на ноќевањата

Од:

Поради мерките на словенечката Влада во борбата против коронавирусот, хотелите во земјата бележат историски пад на бројот на ноќевања, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според Заводот за статистика, намалувањето во април, во споредба со истиот месец минатата година изнесува 99 отсто. Во сите хотели, мотели и преноќишта во земјата минатиот месец се регистрирани само 11.000 ноќевања, а најголем дел од нив ги направиле странски студенти или лица кои посетувале некаква обука во Словенија.

Заводот наведува дека од јануари до крајот на април во Словенија се регистрирани 660.000 туристи што е за 52 отсто помалку во споредба со истиот период лани.

Со цел да се подобри оваа статистика, Владата одлучи на сите полнолетни граѓани, вклучувајќи ги и пензионерите да им додели неповратни ваучери со вредност од 200 евра кои ќе можат од јуни до септември да се користат исклучиво за плаќање сместување во Словенија.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски