Хојт Ји: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е важен за целиот регион

Од:

Го поздравувам Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија. Тој е важен за народите на Република Бугарија и на Република Македонија, но и за целиот регион, изјави заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Според соопштението на бугарското МНР, двајцата разговараа во Словенија во рамки на стратешкиот Форум во Блед.

– Едно од најголемите придобивки на тој договор е дека е изработен без странска помош, со што покажавме дека прашањата ги решаваме без посредници, истакна Захариева.

Ји изрази надеж дека „договорот ќе овозможи одлична атмосфера, во која Република Македонија ќе ги подобри односите и со другите соседи“.

Захариева и Ји разговараа и за актуелната политичка ситуација во регионот и иницијативите на Бугарија во надворешната политика.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија