Хоџај: „Паралелните структури“ ја кочат нормализацијата на односите со Србија

Од:

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај смета дека вистинскиот процес за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина нема да се случи и нема да биде можно да се постигне одредено решение се додека Србија не ги укине сите „паралелни структури“ во Косово.

Тој, во интервјуто за австриската агенција АПА, вели дека е воспоставена Заедницата на српски општини, која е поврзана со укинувањето на „паралелните структури“.

Хоџај оцени дека состојбата во северниот дел на Косово е значително подобрена, но дека Србија и натаму во тој регион има „паралелни структури“, кои веќе не се наоѓаат во јавните институции како што се полицијата или правосудството, туку „делуваат од приватни домови“.

За тоа, кој стои зад „паралелните структури“, Хоџај не сакаше да се изјасни.

Хоџај, меѓутоа тврди дека постојат групи кои се „дел од српските државни стриктури“, кои имаат задача да ја дестабилизираат состојбата во северниот дел на Косово.

Според него, тоа има последици врз дијалогот меѓу Приштина и Белград, поради што тој побара од ЕУ да се погрижи сите договори да бидат применети.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак