Хоџај: Постигната е согласност за отворање косовска канцеларија за врски во Белград

Од:

Постигната е согласност Приштина да отвори канцеларија за врски во Белград, која ќе се вика „Канцеларија за врски на Република Косово во Србија“, соопшти косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај.

Со тоа се согласила и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, стои во весникот „Коха диторе“.

– Јас го цитирам она што е постигнато со договор. Прво, двете страни се согласиле, додека госпоѓа Ештон тоа му го потврдила на премиерот Хашим Тачи дека името ќе биде „Канцеларија за врски на Република Косово во Србија“. Не велам дека тоа ќе биде амбасада, туку име на канцеларијата кое ќе се употребува и во самата канцеларија на нашиот амбасадор и во сите други официјални документи – изјави Хоџај.

Српската Влада го именувала Дејан Павичевиќ за офицер за врски со Приштина.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски