Хоџај: Одлуката на косовската Влада е дефинитивна

Од:

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај денеска изјави дека одлуката на косовската Влада, да не им се дозволи влез во земјата на српски официјални лица се додека трае кампањата за локалните избори, што треба да се одржат на 3 ноември, е дефинитивна и оти не може да се смени.

– Немаме што да додадеме на тоа што го кажа заменик-премиерот Хајредин Кучи. Ниту еден официјален претставник од Србија нема да може да дојде во Косово се додека не заврши кампањата, истакна Хоџај.

Кучи претходно изјави дека од утре, кога почнува кампањата за локалните избори во Косово, па до крајот на кампањата 1 ноември, на ниту едно официјално лице од Србија нема да му биде дозволен влез во Косово.

Танјуг претходно јави дека премиерот на Србија, Ивица Дачиќ ќе го прекине учеството во преговорите со Приштина доколку не се смени одлуката на косовската Влада за забрана на влез на српски официјални лица во Косово.

Дачиќ најави дека за забраната утре ќе ја извести високата претсатвничка на Европската унија, Кетрин Ештон.

Би можело да ве интересира

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов