Хјуман рајтс воч: Запрете го криминалот од омраза во Грција

Од:

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ повика за запирање на криминалот во Грција, предизвикан од омраза, пишува весникот „Имерисија“.

Додека луѓето се напаѓани по улиците, Грција треба итно да даде одговор во кривичното законодавство за криминалот, провоциран од омраза, изјави Џудит Сондерланд, главен истражувач за Западна Европа во „Хјуман рајтс воч“.

Центарот за мониторинг на организацијата упатил повик до грчката Влада неодложно да се ангажира за усвојување мерки со цел да се зајакне борбата против криминалот, предизвикан од омразата и да се заштитат жртвите.

Во врска со спорниот антирасистички предлог-закон на Владата, Хјуман рајтс воч смета дека во него има некои добри работи, но препорачува предлогот да не се одложува и да се усвои од Парламентот.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе