Хил: САД ги ценат напорите на ЕУ за решавање на проблемите меѓу Белград и Приштина

Од:

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Белград, Кристофер Хил, изјави дека САД многу ги ценат напорите на Европската унија за решавање на проблемите со регистарските таблички меѓу Белград и Приштина. Тој со пофални зборови за напорите демонстрирани од шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, на вчерашната средба во Брисел со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти.

„САД многу го ценат она што го прави ЕУ, како му пристапува на ова прашање, мислам дека фактот што Борел помина повеќе од осум часа зборувајќи за сите детали (за регистарските таблички) е достоен за внимание, па затоа ние продолжуваме со нашата поддршка за ЕУ ​​во нејзините напори за решавање на проблемот“, изјави Хил на новинарите по средбата со Вучиќ.

Тој истакна дека го охрабрува Вучиќ да продолжи да биде конструктивен и да се ангажира во преговарачкиот процес со надеж дека ќе се најде решение, бидејќи е неопходно двете страни да се вклучат во решавањето на прашањето преку, како што истакна, „конструктивен ангажман” како вистински пристап.

„ЕУ одлично ја врши работата во однос на дијалогот меѓу Белград и Приштина и не смее да се дозволи проблеми како што е прашањето на регистарските таблички да застанат на патот за решавање на поважни прашања“, посочи амбасадорот.

На средбата во Брисел не беше постигнат договор меѓу Белград и Приштина за регистарските таблички.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

300 милиони луѓе го гледаа интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија

Горан Наумовски

Вучиќ положи цвеќе во „Рибникар“: „Оваа трагедија остави неизбришлива лузна на душата на цела земја“

А1он