Хил го осуди синоќешниот вандализам во Белград

Од:

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека за насилството и вандализмот врз државните институции нема место во едно демократско општество.

Тој додаде дека легитимноста на демократските процеси зависи од транспарентноста и од волјата на сите да ја почитуваат волјата на народот.

„Во часовите и деновите што следат, лидерите на Србија и нејзините граѓани треба да запомнат: Легитимноста на демократските процеси зависи од транспарентноста и подготвеноста на сите страни, без разлика дали се победници или губитници, да ја почитуваат волјата на народот изразена на изборите. “ напиша Хил на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека работата на српските изборни институции останува од клучна важност, „дури и кога Србија работи со ОБСЕ и другите за да ги реши недостатоците во нејзините демократски процеси“.

„Претставките треба да се поднесуваат преку легални, мирни и ненасилни средства. Насилството и вандализмот на државните институции немаат место во едно демократско општество“, рече американскиот дипломат.

Хил нагласи дека полицијата го одржува јавниот ред и мир и мора да направи се за да ги заштити достоинството и граѓанските права на граѓаните.

„Убеден сум дека Србија ќе помине низ овие предизвици со зајакната демократија. Сите граѓани на Србија имаат право да бидат слушнати и одговорност да ги изразат своите политички ставови на мирен начин и без прибегнување кон насилство“, заклучи американскиот амбасадор во Белград.

Би можело да ве интересира

Подгорица оди на вонредни избори

Во Белград мајка го пронашла својот мртов син, неговото тело се распаѓало

Момче од Белград и се заканувало на мајка му дека ќе ја убие додека таа во раце држела дете

ВИДЕО: Гневните жители на Барселона ги прскаа туристите со вода

Паника во Белград: Граѓани виделе маж со пушка како шета по улица

Горан Наумовски

Нацистички ловец во Франција ги советува Евреите да гласаат за екстремната десница

Горан Наумовски