ХДЗ се согласи со барањата на Мост, предлага формирање Влада

Од:

Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарско синоќа изјави дека Татковинската коалиција, која ја предводи неговата партија, позитивно одговорила на барањата на Мост и оти и предложила заедничко формирање коалициска влада.

– Позитивно одговоривме на барањата на Мост. Што се однесува до трипартитната влада таа е нереална според одлуката на Социјалдемократската партија и нивните коалициски партнери, а ние предлагаме да одиме со коалициска влада со Мост, изјави Карамарко по седницата на Претседателството на ХДЗ и лидерите на партиите од Татковинската коалиција. 

Со оглед на сите реформи, кои ја чекаат Хрватска, Карамарко повика на консензус и соработка со сите леви опции во политичкиот спектар, па и со СДП.

– Што е можно поскоро треба да се формира парламентарно мнозинство и Влада, која ќе почне да се справува со проблемите, кои се големи и кои во голема мера ги оптоваруваат граѓаните, рече Карамарко. 

Тој меѓутоа не прецизираше дали е подготвен да се откаже од премиерската функција, нагласувајќи само оти ХДЗ е подготвена да разговара и за таа опција. 

Истовремено, претседателот на СДП и актуелен премиер Зоран Милановиќ изјави дека формирањето на широк трипартиски сојуз во овој момент е неодржлива опција, но оти го поддржува продолжувањето на билатералните разговори меѓу коалцијата „Хрватска расте“, која ја предводат социјалдеморкатите и Мост.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари