ХДЗ не сака трипартитна коалиција со СДП и Мост

Од:

Хрватската демократска заедница (ХДЗ) попладнево ја инфромира партијата Мост дека не сака да учествува во евентуална трипартитна коалициска влада, во која покрај овие две, би партиципирала и Социјалдемократската партија (СДП) на актуелниот хрватски премиер Зоран Милановиќ.

– За жал веќе не станува збор за трипартитна влада. Нема понатамошни чекори. Преговорите ги продолжуваме во двојка (СДП и Мост). ХДЗ не ги соопшти причините во нивното повлекување. Само ни достави писмено соопштение дека се откажуваат, изјави доцна попладнево претставникот на Мост, Роберт Подолњак пред почетокот на преговорите, на кои беше предвидено да учествуваат претставници на ХДЗ, СДП и Мост.

Како што јави Индекс, во соопштението на ХДЗ не се наведува дека партијата ги одбива предлозите на Мост, но не се ни споменува нејзино учество во еветуална трипартитна влада, тука само се посочува дека таа е подготева за продолжување на преговорите (со Мост).

Подолњак изјави дека во вакви околности Мост ќе ги проодлжи преговорите со СДП.

– Преговорите за (формирање на) владата ги продолжуваме со СДП, изјави Подолњак, додавајќи дека се уште не е донесена одлука за тоа, кој ќе биде мандатар за составот на новиот владин кабинет.

Вечерашните преговори меѓу Мост и СДП се одржуваат во пресрет на утрешната четврта рунда консултации со лидерите на парламентарните партии и независните пратеници во Хрватскиот сабор околу изборот на мандатар, што уште во вторникот ги закажа хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ

– Времето за избор на нова Влада истекува. Нема да дозволам никакви одолговлекувања кои би предизвикале несогледливи негативни последици по стабилноста на земјата, изјави тогаш Грабар-Китаровиќ во своето обраќање до нацијата.

Според претходните најави од Загреб, доколу до утре партиите не постигнат договор за формирање влада, ќе претстои распуштање на Саборот и распишување на предвремени парламентарни избори.

На последните избори оджрани на 8 ноември, Татковинската коалицијата, предвоена од ХДЗ освои 59 мандати во 151-члениот Сабор, блокот Хрватска раст, предводена од СДП – 56, а партијата Мост 19 пратеници. Осум пратеници се од редовите на националните малцинства, а останатите девет им припаднаа на пет помали партии или коалиции.

Со ваков распоред на мандатите, ниту една од двете големи коалиции нема доволно мнозинство за самостојно да состави влада.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари