Хашим Тачи всушност е Србин?

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи има српска крв. Вака пишува српскиот Курир кој се повикува на пишување на еден блогер дека православниот свештеник Радослав Даниловиќ, кој во почетокот на 20 век преминал во ислам и го сменил името во Јусуф, е прадедо на косовскиот премиер.

Своите тврдења блогерот ги поткрепува со докази во вид на писмо на митровичкиот оџа-Турчинот Мул Ибрахим, упатено до муфтијата во Скопје, во кое се наведува дека вистинската вера, исламот, ја примил попот од Србија, Радослав Даниловиќ.

„Го прими името Јусуф а важи за многу угледна личност меѓу своите каури. Во неговата парохија многу тргнаа по неговите стапки и ја примија вистинската вера. Јас не смеам да му верувам, каурин си е каурин, го држам на растојание“, стоело во писмото на оџата Ибрахим кое во оригинал се чувало во Историскиот архив во Анкара,Турција.

Друг документ кој ја потврдува поврзаноста на Хашим со Јусуф Тачи се чувал во библиотеката на манастирот Халиндар а датира од 1898 од манастирот Соколица.

„Тоа е список на свештеници каде како србички парохиски намесник стои поп Радослав Даниловиќ, кој е еден од најдобрите свештеници“, стоело во списокот.Блогерот наведува дека 14 години по правењето на овој список, тој ист поп Радослав ја примил исламската вера.

„Примајќи го исламот, покрај жената, попадијата со која живеел, Јусуф Тачи, се оженил со Арнаутка(Албанка) од некое село кај Чичевица. Таа умрела на породување со првото дете. Втората жена, исто така Албанка од Глоговац, го родила дедото на Хашим и уште четири други деца. Иако како муслиман не добил верска управа над населението, голем број верници од неговата парохија успеал да ги исламизира, веројатно надевајќи се дека ќе стане оџа и повторно да добие верска управа во Србија. До крајот на животот, 1929 година тоа не му успеало“, пишува блогерот.

Според пишувањето на Курир, Хашим Тачи многу добро знае за своето потекло но тоа го крие од политички причини.

Во емисија на локалната телевизија во Пеќ во 2005 година сведоци јавно зборувале за српското потекло на премиерот на Косово.

„Еден сведок беше исмејуван,сите присутни фрлаа дрва и камења по него, дури водителката јавно го запраша дали се дрогира или е под дејство на алкохол. По многубројни закани упатени до него и неговото семество, тој сведок побегна од Косово и побара и доби политички азил во Бразил“, пишува блогерот.

 

 

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски