Хашим Тачи утре во дводневна посета на Албанија

Од:

По покана на неговиот албански колега Бујар Нишани, косовскиот претседател Хашим Тачи, на трети и четврти октомври ќе престојува во официјална посета на Албанија.

Тачи, утре претпладне ќе биде пречекан со сите државнички почести од неговиот домаќин,Нишани, а по средбата, предвидена е и  заедничка прес конференција. Потоа ќе има средба со премиерот Еди Рама и со спикерот на албанскиот парламент Илир Мета.

По средбите со државиот врв, Тачи ќе го посети семејството на познатиот албански писател Дритеро Аголи а попладне ќе се сретне и со лидерот на најголемата опизициска партија, Демократската,Љуљзим Баша.

Во текот на вториот ден од престојот,Тачи ќе положи венец на споменикот „Мајка Албанија“,на споменикот на Адем Јашари во Тирана а ќе се сретне со градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај.

Тој ќе ја посети и косовската фудбалска репрезентација,која е на последни  подготовки пред средбата со Хрватска во Бушат,кај северниот албански град Скадар.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски