Хашим Тачи: Цел ни е Косово да го признаат две третини од членките на ОН

Од:

Новиот косовски министер за надворешни работи Хашим Тачи најави дека главна цел во текот на неговиот мандат како шеф на дипломатијата, ќе биде независноста на Косово да ја признаат петте земји од ЕУ кои тоа досега не го сториле и најмалку две третини од членките на ОН.

– Меѓународното признавање на независноста и суверенитетот на Косово ќе бидат во фокусот на косовската дипломатија. Цел ни е преку силно лобирање да ја зацврстиме меѓународната позиција на Косово и да восптоставиме дипломатски односи со мнозинството членки на ОН, напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.

Според него, исполнувањето на овие цели ќе го направи Косово рамноправен член на меѓународната заедница, а со тоа ќе се придонесе и за мирот, стабилноста и безбедноста на регионот.

Тачи вели дека Приштина ќе продолжи со практични напори за да ги убеди Романија, Грција, Кипар, Словачка и Шпанија дека признавањето на независноста на Косово е „праведно решение во интерес на европското единство“.

Тој најави дека косвската дипломатија под негово раководство ќе се стреми кон целсноа нормализација на односите со Србија и кон продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– Дијалогот треба да заврши со взаемно признавање, што ќе овозможи изградба на траен мир меѓу двете земји и воспставување на дипломатски односи во европскиот дух, оценува Тачи.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски