Харадинај за писмото на Трамп: Уште еден доказ дека САД се најголемиот сојузник на Косово

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај оцени дека писмото на американскиот претседател Доналд Трамп до неговиот косовски колега Хашим Тачи претставува уште една потврда дека САД се најголемите поддржувачи на Косово.

Харадинај во објава на Фејсбук порача дека го поддржува барањето на Трамп за обединување на политичкиот спектар на Косово за постигнување договор за нормализација на односите со Србија.

– Писмото на претседателот Трамп е добра вест за државата и народот на Косово. САД од почетокот беа и остануваат и понатаму најсилен поддржувач на косовската држава, на нејзиниот суверенитет и трериторијален интегритет. Како премиер на Косово силно го поддржувам секој напор за обединување на ставовите на политичкиот спектар и за брз подготовки за затворање на еден сеопфатен и законски обврзувачки договор меѓу двете држави, Косово и Србија, напиша Харадинај.

Трамп во неговото вчерашно писмо до Тачи повика на обединување на косовските лидери со цел постигнување конечен договор со Србија, по што, како што порача, ќе му претставува задоволство да ги прими во Белата куќа Тачи и неговиот српски колега Алесандар Вучиќ, за заедно да го прославата „историското достигнување“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 68 жртви во американските воздушни напади врз Јемен

Четиригодишно американско девојче кое се лекува од рак е депортирано од САД

Трамп: Зеленски е подготвен да го предаде Крим на Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Откриен дел од разговорот меѓу Трамп и Зеленски на средбата во Ватикан

Трамп бара бесплатен премин за американските бродови низ Панамскиот и Суецкиот канал

Катерина Ѓуровски

Зеленски по средбата со Трамп: Ви благодарам, ова може да е историска средба